Румениге: Да не глумиме лудило дека се сакаме со Борусија Д.

Извршниот директор на актуелниот светски и европски клупски шампион Баерн (М), Карл Хаинц Румениге потврди дека повеќе нема да седи на иста маса со раководните лица на најголемиот ривал од германската Бундес лига, тимот на Борусија од Дортмунд.

„Баерн (М) не е заинтересиран за никакви мировни преговори и можам да потврдам дека повеќе нема да вечерам со раководните лица на Борусија од Дортмунд. Што значи ова? Значи дека ќе нема никакви вечери, никакви средби со челниците на Борусија од Дортмунд пред првенствените натпревари од германската Бундес лига. Слободно ќе кажам дека ги заладивме односите со најголемиот ривал од Германија. Сме биле во една ваква ситуација и во минатото. Слични проблеми сме имале и со челниците на Вердер од Бремен и со тие на Келн. Не сме тука за да глумиме лудило, да глумиме дека имаме добар однос, дека се галиме,” изјави Румениге.