Румениге го посакал Зенит за противник, а не Арсенал

Извршниот директор на актуелниот европски клупски шампион, Баерн (М), Карл-Хаинц Румениге, призна дека баварскиот гигант можел да добие далеку полесен противник во 1/8 финалната рунда од Лигата на шампиони.

“Имаше далеку полесни противници во вториот шешир. Ќе бев посреќен доколку за противник го добиевме актуелниот шампион на Русија, Зенит, отколку лондонскиот премиерлигаш Арсенал. Сепак, не сакам мојата изјава да звучи како некое алиби. Сите бевме свесни и знаевме дека ќе добиеме противник кој заслужува максимален респект. Мора да одиграме без грешка на двата натпревара. Арсенал делува далеку постабилно во споредба со минатата сезона, а таа стабилност се должи на германските интернационалци, Лукас Подолски, Месут Озил и Пер Мертесакер”, изјави Румениге.