Румениге го утепа од фалење Левандовски

Извршниот директор на се уште актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн Минхен, Карл-Хаинц Румениге јавно ја пофали првата летна аквизиција, полскиот интернационалец Роберт Левандовски кој до пред неколку дена го носеше дресот на најголемиот ривал, Борусија од Дортмунд.

„Роберт е напаѓач од светска класа и знам дека најверните фанови на Баерн Минхен со нетрпение го очекуваат дебито на репрезентативецот на Полска. Постигна многу погодоци како напаѓач на Борусија од Дортмунд, но многу е корисен за целиот тим, секогаш им помага на дефанзивците, на играчите за врска. Имам информација дека е вистински професионалец. Уубеден сум дека многу брзо ќе се адаптира на новата клупска сезона, убеден сум дека ќе ужива на „Алианс Арена”. Баерн е идеална средина за Роберт Левандовски”, изјави Румениге.