Румениге: Реал Мадрид покажа до каде е лимитот на Баерн Минхен

Голема доза на разочараност можеше да се забележи и во изјавата која по натпреварот ја даде извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хаинц Румениге.

Поранешниот репрезентативец на Германија јавно ги критикуваше фудбалерите на Баерн Минхен и му честита на Реал Мадрид за заслужениот пласман во финалниот натпревар од Лигата на шампионите.

“Не покажавме, не демонстриравме доволна пасија, желба. Со ваква игра, со ваков пристап не може да се победи еден тим каков што е Реал (М). Не им создадовме доволен број на проблеми. Исто така немавме многу среќа при прекините. Реал Мадрид постигна два погодока од два прекина. После вториот погодок на Рамос, на сите ни беше јасно дека Реал Мадрид ќе обезбеди пласман во финалниот натпревар. Реал Мадрид на најдобар можен начин ни покажа кој е лимитот на овој тим на Баерн Минхен. Ги лимитираа нашите напаѓачи, а направија и многу проблеми на нашата половина. Не бевме доволно сконцентрирани, го немавме тоа што е потребно за да славиме еден ваков тежок натпревар”, изјави Румениге.