Спорт

Румениге вети дека Баерн (М) нема да испрати понуда за Дрекслер

Румениге вети дека Баерн (М) нема да испрати понуда за Дрекслер

Извршниот директор на Баерн (М), Карл Хаинц Румениге, откри дека актуелниот светски и европски клупски шампион нема да им биде конкуренција на Арсенал и Манчестер Јунајтед кога е во прашање трката по потписот на стандардниот првотимец во дресот на германскиот бундеслигаш Шалке, Џулијан Дрекслер.

„Јас можам да гарантирам дека Баерн (М) нема да испрати понуда за фудбалерот на Шалке. Нема да го купиме Дрекслер за време на летниот преоден рок. Не знам дали Џулијан сака да игра за Баерн (М). Не сме оствариле некаков контакт со неговите агенти. Мислам дека публиката се уште не може да ја разбере трансфер политиката на Баерн (М). Ние не купуваме фудбалери од редовите на Шалке и Борусија Д. со цел да ги повредиме, да ги ослабиме тие тимови. Баерн (М) купува само фудбалери кои ќе го подобрат нашиот стил на игра. Во минатото купувавме помлади фудбалери, кои беа ангажирани како наследници на фудбалерите кои имаа веќе 30 или повеќе години. Таа политика е веќе минато за Баерн (М)”, изјави Румениге.