Румјана Бачварова, нов министер за внатрешни работи на Бугарија

Со 139 гласови „ЗА“ и 68 „ПРОТИВ“ бугарскиот парламент денеска ја избра вице – премиерката Румјана Бачварова за нов министер за внетрешни работи на земјата.

Пред изборот на Бачварова, Парламентот официјано го разреши од должноста досегашниот министер за внатрешни работи, Веселин Вучков, кој минатата среда поднесе оставка на функцијата.

Следниот ден по оставката на Вучков, бугарскиот премиер Борисов ја предложи Бачварова за нов министер за внатрешни работи, нагласувајќи дека таа ќе обезбеди „смирување на состојбите во Министерството и ќе ја задоволи граѓанската квота“.

Борисов тогаш изјави дека „по само пет секунди“ решил да ја прифати оставката што Вучков ја поднесе на седница на Владата, додавајќи дека таа е дадена во „крајно несоодветен момент“ и била изненадувачка.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.