По дербито со Ливерпул, Руни ќе го пропушти и премиерниот меч од ЛШ против ПСВ

По дербито со Ливерпул, Руни ќе го пропушти и премиерниот меч од ЛШ против ПСВ

Руни го пропушти дербито со Ливерпул, а според медицинскиот тим на Јунајтед, најдобро ќе биде англискиот репрезентативец да добие уште неколку дена одмор. Менаџерот на англискиот преставник во Лигата на шампионите, Луи Ван Гал го прифатил советот на лекарите, па капитенот ќе го “прескокне” и овој меч.

Руни го повреди задниот мускул на ногата при настапот за англиската репрезентација и сеуште се рехабилитира, а соиграчите и без негова помош славеа против Ливерпул со 3:1.

19-годишниот Мартиал имаше деби од соништата за Манчестер Јунајтед
19-годишниот Мартиал имаше деби од соништата за Манчестер Јунајтед

Последната аквизиција на Манчестер, Антони Мартиал кој го постигна третиот погодок против “црвените” од Енфилд, е најсериозен кандидат да го предводи нападот на дуелот против ПСВ.