Спорт

Руни: Мурињо знае што работи

Руни: Мурињо знае што работи

Легендарниот играч на „Манчестер Јунајтед“, Вејн Руни оцени дека на „Олд Трафорд“ на последниот ден од трансфер маркетот треба да стигнат најмалку уште двајца играчи за да „црвените ѓаволи“ бидат подготвени да се борат за титулата. Медиуми известуваат дека атмосферата во клубот не е најдобара и дека Жозе Мурињо не е задоволен од администрацијата, која не обезбедила соодветни засилување во летниот трансфер.

Летово во Мачнестер дојдоа дефанзивецот Диого Далот од „Порто“, играчот од среден ред Фред од „Шахтјор“ како и  голманот Ли Грант  од „Стоук“.

Ќе биде тешко „Сити“ да ја повтори минатата сезона. Се надевам дека некој ќе биде во можност да ги запре. Би било убаво ако тоа е „Јунајтед“. Очигледно, ќе треба да се донесат уште една или две засилувања. Сигурен сум дека Мурињо прави се што е потребно. Имаше многу приказни за сè, но зад затворени врати Мурињо работел со тимот колку што е потребно, рече Руни.