Руни најави крај на баварската доминација во ЛШ

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни додатно ја подгреа атмосферата пред вечерашниот реванш 1/4 финален натпревар од Лигата на шампиони со изјавата дека англискиот премиерлигаш може да стави крај на големата доминација на германскиот бундеслигаш Баерн (М).

„Јас верувам, моите соиграчи веруваат дека можеме да обезбедиме пласман во полуфиналната рунда од Лигата на шампиони. Доволно сме квалитетни имаме доволно добри фудбалери. Ќе ни биде многу тешко, Баерн (М) и Барселона според мене се најдобрите два тима во ова натпреварување. Мора да одиграме без грешка, совршено, да бидеме фокусирани од првата до последната минута. Подготвени сме за овој голем предизвик, сигурно ќе имаме и голема подршка од најверните фанови. Го играме можеби најважниот натпревар во актуелната сезона”, изјави репрезентативецот на Англија.