Спорт

Руни: Никогаш нема да ја оставам Англија

Руни: Никогаш нема да ја оставам Англија

Капитенот на Англија, Вејн Руни, рече дека нема намера да ја напушти репрезентацијата во скоро време, а дека за тоа е заслужна неговата сопруга Колин.

29- годишниот фудбалер на Манчестер Јунајтед во саботата постана најмлад фудбалер кој стигна до бројката од 100 натпревари во дресот на Англија, со триумфот над Словенија со 3:1 во квалификациите за Европското првенство 2016 година.

Изминатото лето, Стивен Џерард и Френк Лампард се пензионира од „Гордиот Албион“, но Руни не сака тоа да го направи своеволно.

„Многу играчи со кои играв во последните десет години во репрезентацијата се повлекоа. Разговарав со сопругата баш на таа тема, и реков дека е лудо што сите се повлекуваат“, вели Руни.

„Кога доаѓате до одредени години, практично се чувствувате како да морате тоа да го направите тоа за да ја продолжите својата кариера во клубот“, додава Англичанецот. „Таа ми рече – Кариерите се кратки, ќе имаш доволно слободно време да поминеш со нас кога ќе завршиш со фудбалот и ќе зажалиш доколку се повлечеш од репрезентацијата. И помислив дека навистина е така“, нагласува Руни.

„Фудбалот е она што го сакам, исто како и играњето за својата земја. Мислам дека никогаш не би можел да ја освојам Англија“, рече Руни.

Тој истакна дека е свесен дека ако сака да продолжи да игра за репрезентацијата тоа ќе значи дека ќе мора да најде инспирација во Рајан Гигс.

„Отсекогаш верував дека поседувам квалитет да играм различни улоги. Би сакал да играм на Европското првенство 2020 година, на кое финалето ќе биде играно на Вембли. Секако дека сакам да играм на следното Светско првенство, но се зависи од селекторот“, заклучи Руни.