Руни: Ова е најдобриот тим на Англија

Репрезентативецот на Англија, Вејн Руни е убеден дека ова е најдобриот тим на „Гордиот Албион” во последните 10 години.

„Според мене, ова е најдобриот тим на Англија во последните 10 години. Ова е најдобриот тим откако јас сум репрезентативец на Англија. Имаме само една слаба точка. Има многу фудбалери кои го немаат потребното искуство, кои не настапиле на некој претходен Мундијал. Тешко дека некој може да предвиди што ќе направи Англија во Бразил и затоа јас сум многу возбуден. Искрено, не знам како ќе одиграме во групната фаза, можно е да имаме големо влијание врз целиот турнир, да обезбедиме пласман во финалниот натпревар и да бидеме најголемо изненадување”, изјави напаѓачот на Манчестер Јунајтед.