Руни прифати неделна заработувачка од 300 илјади фунти

Со потпишувањето на новиот, четиригодишен договор, репрезентативецот на Англија, Вејн Руни, стави крај на сите дилеми кога е во прашање неговата иднина во дресот на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед.

Брзоногиот напаѓач го потпиша понудениот договор откако клупските челници му ветија рекордна неделна плата од 300 илјади фунти со што го направија најскапо платен фудбалер на Островот.

„Се одлучив, сакам да останам на “Олд Трафорд. Уште малку и точно 10 години ќе бидам дел од овој голем клуб. Ми се исполнија сите очекувања кои ги имав откако го потпишав првиот договор со Манчестер Јјунајтед. Освоив се што можев да освојам и играв покрај најдобрите фудбалери на денешницата. Сега имам статус на сениор и среќен сум што можам да им помогнам на помладите фудбалери,“ изјави Руни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.