Руни убеден дека Челзи игра најубав фудбал во Европа

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни е убеден дека лондонскиот премиерлигаш Челзи, моментално го игра најубавиот фудбал во цела Европа.
“Шпанија ќе биде претставена од дури три тима во 1/4 финалната рунда во Лигата на шампиони. Не можам да издвојам само еден, можам да кажам дека сите играат убав фудбал, и Реал (М) и Барса и Атлетико (М). Сепак, според мене, во овој момент, најубавиот фудбал го играат фудбалерите на Чезли. Точно дека загубија од Астон Вила, но играат фантастично. Убав фудбал, но не толку добар како Челзи, играат и фудбалерите на ПСЖ и на Баерн (М). Не важно кој тим ќе го добиеме за противник во 1/4 финалната рунда од Лигата на шампиони, сите сме свесни дека ќе ни биде многу тешко на двата дуела”, изјави репрезентативецот на Англија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.