Руни задоволен од ангажманот на Ван Гал

Репрезентативецот на Англија и стандарден првотимец во дресот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни откри дека е среќен што во новата клупска сезона ќе биде менаџиран од се уште актуелниот селектор на Холандија, Луи ван Гал.

„Манчестер Јунајтед доби одличен менаџер. Доволно е да се погледнат сите резултати кои Ван Гал ги има постигнато како тренер на Ајакс, Барселона и Баерн Минхен. Убеден сум дека ќе успее и како менаџер на Манчестер Јунајтед и убеден сум дека под негово водство ние ќе оствариме одличен резултат. Се што знам за Ван Гал е тоа што го постигнал со другите клубови. Во новата клупска сезона Манчестер има една зацртана цел, освојување на англиската Премиер лига. Изминатата сезона ќе ја дефинираме како лоша, како неуспешна, а во новата мораме да се бориме за шампионската титула”, изјави брзоногиот напаѓач.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.