Рунтевски: Се контролира секоја увезена пратка на храна

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски денеска изјави дека секоја пратка на храна која влегува во Македонија подлежи на инспекциска контрола од страна на надлежните служби.

Агенцијата е во постојана конуникација со надлежните служби во овие држави и е информирана за мерките што тие ги преземаат.

„Од наша страна е подигнат степенот на контрола онаму каде што се очекува дека може да настане опасност. Доколку за одредени производи се процени дека постои ризик од внесување на одредени болести или неисправна храна се подигнува степенот на контрола во насока на зголемување на бројот на мостри кои ќе бидат земени на граница,“ истакна Рунтевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.