Македонија

Рунтевски во посета на кланица во Кавадаречко

Рунтевски во посета на кланица во Кавадаречко

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски, утре, ќе ја посети кланицата „Серта” во Кавадарци и ќе оствари работна средба со менаџерскиот тим.

Целта на посетата е согледување на состојбата со извозот на јагнешко месо во предвелигденскиот извозен шпиц.

Првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство утре ќе оставри работна средба и со ветеринарните станици од овој регион, како и со неколку оператори со храна.