ФОТО+ВИДЕО: Француските власти го рушат кампот џунгла кај Кале

Француските власти испратија булдожери за да се сруши кампот џунгла кај Кале и со цел да се преместат илјадници мигранти од местото. Полицијата постојано е во приправност додека се расчистува кампот кој што е дом за околу 7.000 мигранти, јавува „Дејли Експрес“.

kale-rushenje-2

На околу 2.000 мигранти им било наредено да се заминат. Според француската влада кампот премногу се приближил до автопатот и истиот мора да биде намален поради безбедносни причини.

kale-rushenje-3

На бегалците притоа им е понудено сместување во контејнери преуредени во домови. Сепак, голем број бегалци одбиле да си заминат, стравувајќи дека така ќе ги расипат сосптвените шанси за стекнување на право на азил во Британија.

kale-rushenje-4

Француските власти го растураат кампот кој во последните неколку месеци почна да наликува на посебен мал град со сопствени продавници, ноќен клуб, театар, религиозни објекти, па и улици…

kale-ulici-1

Новиот камп ќе биде заграден со ограда, што според властите ќе ги спречи бегалците во нивните обиди ноќе илегално да стасаат до Британија.

kale-kamp-5

Во Кале речиси секојндевно пристигаат околу 15 нови мигранти кои имаат за цел да стасаат до Велика Британија. Сличен ваков камп им а и во Данкирк, кој е одобрен од страна на француските власти и кој е управуван од страна на организацијата Лекари без граници.