недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 1

Русеф: Отстранувањето од претседателската функција е историска неправда

Бразилската претседателка Дилма Русеф ја нарече нејзината суспензија од функцијата историска неправда.

133134141

Последни вести

– Тоа е државе удар, напиша Русеф на Фејсбук.

Бразилскиот Сенат денеска изгласа привремено отстранување на Русеф од функцијата за таа да се соочи со постапката за утврдување на точноста на обвиненијата дека ги прекршила даночните закони и прописи за користење буџетски средства.

Сенатот гласаше со 55 гласа „за“ наспроти 22 „против“ за суспензијата на Русеф. Власта привремено ја презема нејзиниот потпретседател Мишел Темер.

Бразилскиот Сенат 12 часа ја разгледуваше можноста за суспензија на Русеф од должноста за рок од 180 дена, а таа не чекајќи го крајот на гласањето, наредила нејзините работи да се пренесат од претседателската палата во личната резиденција.

Бразилската опозиција ја обвинува Русеф дека е вмешана во даночни малверзации и користење на државни средства за финансирање на својата изборна кампања.

Русеф ги отфрли сите обвиненија, а претходно изјави и дека е подготвена за својата функција да се бори „со сите расположливи средства“.

Најчитани вести