Свет

Русија: Асад да се воздржи од изјави за негов реизбор

Русија: Асад да се воздржи од изјави за негов реизбор

Русија му препорачува на сирискиот претседател Башар Ал Асад да се воздржи од изјави за своето повторно кандидирање за претседател на Сирија.

Асад, како што потсетува Ројтерс, во октомври изјавил дека нема намера да ја напушти власта, и покрај притисоците од САД и бунтовниците кои се борат против владините сили. Тој рекол дека не гледа никаква пречка по трет пат да биде избран за претседател на државата.

„Таквите реторички изјави влијаат на атмосферата и со ништо не ја подобруваат ситуацијата“, рекол заменик министерот за надворешни работи на Русија, Михаил Богданов.

Русија ги спречи напорите на Западот во Советот за безбедност на Обединетите нации да го осуди Асад. Москва соопшти дека неговото заминување од функцијата не може да биде предуслов за мирни преговори.