Свет

Русија бара нафта и гас во Сирија

Русија бара нафта и гас во Сирија

Министерството за нафта на Сирија потпиша договор со руската компанија Сојузнефтегаз за истражување околу присуство на нафта и гас на дното на Средоземното море, јавила сириската државна агенција САНА.

Сирискиот министер за нафта, Сулејман Абас во текот на оваа година разговорал со амбасадорите на Кина и Русија за можните истражувања дали на сириското медитеранско подрачје има нафта и гас.

Најголемиот број сириски полиња со нафта и гас во источниот дел од земјата се наоѓаат под контрола на опозицијата, со која власта е во граѓанска војна, и сирискиот извоз на нафта е скоро запрен.