Русија бара нова истрага за соборување на авионот МХ17

Шефот на руската агенција за воздухопловство, Олег Сторочевој денес побара од Меѓународната организација за цивилно воздухопловство да отвори нова истрага за минатогодишното соборување на малезискиот авион на летот МХ17 над источна Украина.

Сторочевој изјави дека Москва категорично не се согласува со резултатите од холандското истражување и ја повика Агенцијата за цивилно воздухопловство на ОН да интервенира.

Тој доказите, кои вчера беа претставени ги нарече „неосновани и пристрасни“.

Холандскиот Одбор за безбедност во завршниот извештај, објавен во вторникот наведе дека авионот е соборен на 17 јули минатата година со БУК ракети земја-воздух, кои се истрелани од подрачјето под контрола на проруските сепаратистички бунтовници.

Две третини од 298 загинати лица беа Холанѓани, поради што Холандија ја презеде истрагата.