недела, 15 јануари 2017  |  Вести денес: 25

Русија бара правни гаранции дека американскиот ПРО во Азија нема да биде насочен против неа

101491061

Последни вести

Русија бара правни гаранции дека планираниот противракетен штит на САД во Азија нема да биде насочен против неа, изјави денеска во Сочи рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, цитиран од ТАСС.

По средбата во руското црноморско летувалиште меѓу претседателот Владимир Путин и јапонскиот премиер Шиндѕо Абе, Лавров  ги предупреди САД да не ги користат активностите на Северна Кореја како предлог за непропорционално зголемување  на своето воено присуство во Азиско-Тихоокеанскиот регион.

Американските планови за ПРО Лавров ги оцени како „несразмерни на ризиците, што произлегуваат од севернокорејското раководство“.

-Како и кај европските сегменти од американскиот систем за противракетна одбрана, за кои ни зборуваат дека не се насочени против нас, нашите оценки се поинакви, подвлече Лавров.

Тој го повика Вашингтон да даде правни гаранции дека противракетниот штит навистина не е против Москва.

Русија и Јапонија ќе имаат консултации за склучување мировен договор на ниво на заменик министри за надворешни работи, кои ќе се одржат во јуни, информира Лавров.

Путин и Абе, освен тоа, ги разгледале деталите и распоредот на идната посета на рускиот претседател на Јапонија. Јапонскиот премиер ја потврдил својата покана до рускиот шеф на државата да ја посети неговата земја.

Путин, пак, го поканил Абе да учествува на Источниот економски форум во Владивосток, закажан за 2 и 3 септември.

Русија и Јапонија немат склучено мировен договор по завршувањето на Втората светска војна заради нивниот територијален спор за јужните Курилски острови.

Најчитани вести