Русија бара расправа во ОН за воените акции на Турција

Русија бара расправа во ОН за воените акции на Турција
Русија бара расправа во ОН за воените акции на Турција

Русија од Советот за безбедност на ОН побара одржување расправа, која би била затворена за јавноста, за воените акции на Турција во Сирија и Ирак, јавија дел од западни медиуми, повикувајќи се на неименувани дипломати.

Мисијата на Русија во ОН не се огласи по овој повод, но дипломати на СБ велат дека очекуваат оти инцидентот од 24 ноември, кога турски сили соборија руски борбен авион, ќе дојде на ред.

– Не знаеме детали, но Русија побара да се разговара за прашањето за акции на Турција во Ирак и во Сирија, рече дипломатот.

Како што се очекува, расправата ќе биде одржана по попладневната седница, која е закажана за 15 часот по локално време.