Русија бара вонредна седница на ОН поради ситуацијата во Украина

Алексиј Зајчев, првиот човек на руската мисија при Светската организација изјави дека Русија ќе бара вонредно отворено заседание на Советот за безбедност на ОН поради „казнените операции“ на киевските власти на југоистокот на Украина.

Украинските сили за безбедност утринава започнаа специјална операција во Славјанск, каде  загинаа три лица- двајца украински војници и еден припадник на бунтовниците.