Русија бара возвратни мерки од САД, по потегот на Пјонгјанг

САД требa да преземат возвратни мерки откако Северна Кореја ги запре нуклеарните и ракетните тестирања, изјави во саботата челникот на меѓународниот парламентарнер комитет, Константин Косачев.

Во порака објавена на Facebook, Косачев вели дека одлуката на Северна Кореја не е доволна за да се нормализира ситуацијата на Корејскиот полуостров. Според него, потребни се оперативни, по можност „демонстративни“ возвратни мерки од страна на САД.

„Прекин на агресивната и разорувачка реторика. Признание на Северна Кореја на сопствениот развој. Прекин на воените активности кај границата на Северна Кореја. Придвижување на политичкиот дијалог“, наведува рускиот сенатор.

Изразува надеж дека меѓукорејскиот самит, како и најавениот самит на челниците на Северна Кореја и на САД, сигурно ќе бидат одржани.

„Нашиот дијалог со Северна Кореја во ниту еден момент не е прекинат. Тоа беше одговорна, прецизна и на крајот на краиштата правилна руска дипломатија. Победи политиката на политичко решавање на кризите за којашто Русија постојано се залага“, заклучува Косачев.