Русија без одлука за барањето за припојување на Доњецк

Потпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков денеска изјави дека Москва се уште нема донесено одлука за барањето на самопрогласената „Доњецката Народна Република“ за припојување кон Руската Федерација, изјави денеска.

Тој рече дека Русија се залага за дијалог меѓу Киев и источните региони на Украина и дека нема да брза со одговорот на барањето на Доњецк.

Кремљ вчера соопшти дека ја почитува волјата на народот во Доњецк и во Луганск и оти се надева дека резултатите од рефендумите ќе бидат спроведени „на цивилизиран начин“.

По неделните референдуми на кои големо мнозинство од граѓаните се изјаснија за „самоуправа, „Доњецка Народна Република“ и „Луганска народна република“ вчера прогласија независност од Киев.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.