Русија: Безбедносните служби набљудуваат 220 потенцијални бомбаши-самоубијци

Руската федерална безбедносна служба (ФСБ) набљудува околу 220 потенцијални домашни бомбаши самоубијци. Исто така се следат и луѓето што се вклучени во регрутација на „живите бомби“ и во подготовка на терористички напади, пренесува „Раша Тудеј.“

Има над 220 потенцијални бомбаши самоубијци под оперативен надзор во Русија. Службите на ФСБ систематски ги разоткриваат лицата што се вклучени во подготовка на бомбашите и на терористичките напади, вели директорот на ФСБ Александар Бортников на состанокот на шефови на безбедносните и разузнавачки служби што се оддржува денес во Санкт Петерсбург.

ФСБ исто така има издадено меѓународни потерници со кои се бараат околу 260 осомничени за тероризам со руски пасоши што во моментов престојуваат в о странство и активно се вклучени во тероризам.

Според Бортников овие терористи што престојуваат во странство активно се подготвуваат нивните дејности да ги внесат во Русија и во други земји.