Русија: Десет лица загинаа во сообраќајна несреќа помеѓу минибус и камион

Десет лица загинаа како резултат на судир меѓу минибус и камион, што превезувал дрва во Вибоготскиот регион во областа на Ленинград, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

Тројцата преживеани , меѓу кои е и возачот на камионот се хоспитализирани.

„Сите жртви се наоѓале во комбето. Загинале осум жени и двајца мажи“, изјавил претставник на Државниот инспекторат за безбедност на патиштата.

На местото на несреќата се’ уште се наоѓаат спасувачки екипи.

Отворена е телефонска линија за најблиските на загинатите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.