Русија договори испорака на ракетните системи С-400 за Индија

Русија и Индија денеска потпишаа серија спогодби во воената и техничката област, вклучувајќи ја и испораката на руски ракетни системи „С-400 Триумф“.

Договорена е изработка на фрегати од „Проектот 11356“ за индиската Воена морнарица, како и воспоставување заедничка фирма за изработка на хеликоптери „Ка-226Т“, пренесува ТАСС.

Документите беа потпишани по разговорите што ги водеа рускиот претседател Владимир Путин и индискиот премиер Нарендра Моди, а двајцата лидера присуствуваа на церемонијата на потпишување.

Путин во индиската сојузна држава Гоа пристигна за дводневниот самит на државите од БРИК (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужзна Африка) што денеска почнува во Гоа.