Свет

Русија донесе буџет за 2015 година, во него 60 долари за барел нафта

Русија донесе буџет за 2015 година, во него 60 долари за барел нафта

Министерството за финансии на Русија направи поправки во буџетот за 2015 година. Новите поправки предвидуваат цена на нафтата од 60 долари за барел и курс од 51 рубља за еден долар, изјави за новинарите министерот за финансии на Русија Антон Силуанов.

Буџетот за 2015 година претходно беше донесен со предвидена цена од 96 долари за барел и курс од 37,5 рубљи за еден долар.

„Сега направивме нова пресметка, тргнувајќи од тоа дека нафтата ќе чини 60 долари за барел, а курсот – 51 рубља за едно евро во следната година“, изјави Силуанов.

„Според нас, овој буџет ќе одговара на реалиите во економијата и прогнозите за одлив и прилив на капитал“, додаде Силуанов.