Русија е подготвена да и помогне на Украина

Русија е подготвена да го зголеми кредитот за Украина, за да му помогне на Киев да се справи со економските проблеми и на тој начин да ја задржи поранешната советска република во орбитата на Кремљ, соопшти „Ројтерс“.

Економскиот советник, Андреј Белусов изјави дека е можно кредитот да биде договорен во вторникот, за време на разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот колега Виктор Јанукович, кој побара помош од Москва откако одби да го потпише договорот за асоцијација со Европската унија, минатиот месец.

„Не ја исклучувам можноста, дека ако има барање, на Украина може да и биде доставен кредит, Ситуацијата во земјата е таква што без кредит, од една или од друга страна, тие едноставно нема да можат да ја одржуваат економска стабилност“, вели Белусов, цитиран од ангенцијата „Интерфакс“.

Украина бара помош за пополнување на финансиската дупка во износ од 17 милијарди долари идната година – речиси колку резервите на централната банка. Белусов не прецизираше со колкава сума Русија би кредитирање Украина .

Во земјата избувна проевропски протести , откако Јанукович одби да го потпише договорот за асоцијација со Унијата.