Русија е подготвена да ја финансира Грција за гасоводот

Рускиот претседател Владимир Путин изрази подготвеност Русија да разработи план за финансирање на грчките државни компании при изградба на гасоводниот систем на територија на Грција, јави ТАСС.

Како што соопшти Кремљ, Путин и грчкиот премиер Алексис Ципрас телефонски разговарале за инфраструктурните планови, за енергетската соработка, вклучително и изградба на гасоводен систем на територијата на Грција, како дел од новиот проект за пренос на руски гас преку Турција и другите европски држави.

Директорот на „Гаспром“ Алексеј Милер денеска изјави дека гасоводот Турски поток ќе биде пуштен во употреба во декември 2016 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.