Русија е против влезот на Украина во НАТО

 

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров истакна денеска дека Русија е против влезот на Украина во НАТО и ги предупреди САД да не наметнуваат своја волја во поранешните советски републики, објави МИА

 

Според Лавров, обидот да се смени статусот на државата „може да ги попречи напорите кои имаат за цел покренување дијалог за националната безбедност“.

 

Лавров истакна дека Москва е подготвена да преземе „практични чекори“ со цел деескалација на кризата во Украина во согласност со предлозите кои во средата ги изнесе претседателот на Русија, Владимир Путин.

 

– Се надеваме дека предлозите на Путин ќе бидат земени предвид, посебно од страна на официјален Киев, како и од претставници на Доњецк и на Лугањск, нагласи Лавров.

 

 

 

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.