Русија е загрижена поради воените потези на САД

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу и неговиот американски колега, Чак Хејгел, во телефонски разговор изразиле обострана загрженост поради напнатоста во Украина.

Шојгу изразил загриженост поради досега невиденото засилување на воената активнос на САД и на НАТО во близина на границата на Русија и го повикал Хејгел да помогне да се „намали реториката“ околу украинската криза, пренесуваат агенциите.

Истовремено, рускиот министер ги отфрлил како неосновани тврдењата за присуство на руски групи за саботажа и извидување во Украина, каде наводно ја дестабилизираат ситуацијата во југоисточните региони на оваа земја.

Според тврдењата на секретарот на Хејгел, Џон Кирби, Хејгел добил уверување од војот колега  дека Русија нема да ја нападне Украина.

Хејгел исто така, побарал од Шојгу, Русија да помогне да се ослободат седумтемина заробени воени набљудувачи во Славјанск и се заложил Русија да го заврши своето „дестабилизирачко влијание во Украина“.

Како што пренесува „Итар –тас“, Шојгу предупредил дека во борбата против тероризмот на киевската влада, распоредени се околу 80 тенкови, 130 оклопни транспортери и борбени возила, како и 60 артилериски системи и монофрлачи на југоистокот од Украина, а и дека редовно се ангажирани и хеликоптери.

„Вкупниот број на украинските војници достигнал 15.000 и се тоа поради мирољубивото население на сопствената земја“, истакнал министерот.

Можноста да се примени сила против мирното население ја наведе Русија да почен широки маневри на своја територија во регионите на соседната Украина. Таа одлука е јавно донесена, додал тој.

Шојгу, исто така додал дека штом украинската влас ќе објави дека нема намера да ја користи војската против невооружените лица, руските единици ќе бидат вратени во база. Рускиот министер рекол дека засилуањето на активностите на вооружеите сили на САД и на НАТО во источна Европа, во близина на руската граница е невидено до сега и нагласил дека овие акции се проследени со провокативни изјави на генералниот секретар на НАТО за повлекување на Русија.

Тој, на својот американски колега, му потенцирал и дека западните медиуми создаваат антируска хистерија која не придонесува за смирување на страстите.

Хејгел кажал дека споменатите мерки на Вашингтон и на Брисел се преземени како одговор на ситуацијата во Украина, но дека не се провокативни ниту експанзионистички, туку имаат за цел да покажат единство на блокот и зголемување на одбрамбените капацитети на сојузниците.

Шојгу потврдил подготвеност да одржува контакт со сите заинтересирани страни за деескалација на напнатоста во Украина, и за тоа повикал на конструктивен дијалог во барање на компромис на основа на Женевскиот договор од 17 април.