Русија: Експлозија во рудник, најмалку четворица загинати

Најмалку четири лица се загинати, а уште двајца повредени при експлозија во рудник за јаглен во градот Гај, во Оренбургската област, во југозападниот дел на Русија.

Несреќата се случила при поставување експлозивни материјали во една од линиите.

Рудникот е во сопственост на едно од најголемите рударски претпријатија во Урал.

„Четири лица се загинати, а две повредни и се наоѓаат во болница“, изјавил портпаролот на компанијата.