Русија: ЕУ со антируската политика ја подрива довербата

Русија ја критикуваше Европската Унија заради проширувањето на санкциите против Москва заради нерешената ситуација во Украина и ја повика Европската Унија да ги почитува резултатите од референдумот за автономија во двете источно украински региони, промовирање на дијалог помеѓу регионалните и властите во Киев.

-Со продолжување на својата погрешна, антируска политика, Европската Унија ја подрива довербата во себе како партнер и фрла сомнеж на своето тврдење дека има објективна улога во решавањето на украинскиот внатрешен конфликт – соопштило руското Министерство за надворешни работи.

После одлуката која шефовите на дипломатии на ЕУ ја донесоа вчера за Украина, Русија соопшти дека е екстремно збунувачки, бидејќи Европската Унија упорно повторува опширни соопштенија, кои не одговараат на моменталната ситуација во таа земја.

-Крајно време е Брисел да престане да смета еден значаен дел од украинскиот народ, кој не ја прифаќа власта во Киев, за проруски сепаратисти и да сфати дека украинскиот конфликт не може да биде решен без признавање на неговата внатрешна природа – навело руското министерство во соопштението.

Министерството нагласило и дека ЕУ треба да ги почитува резултатите од референдумот во регионите Доњецк и Луганска и да помогне во покренување на дијалогот помеѓу претставниците на Киев и југоистокот од Украина.

-ЕУ не треба да заборави дека од почетокот на мај се случија неколку работи, кои предизвикаа загуба на животи, а во кои самопрогласените украински власт користеа наоружани ултра-радикални групи, оружје и тешко наорожување, како дел од контратерористичката операција против мирниот народ – се вели во соопштението.

Шефовите на дипломатиите на државите членки на ЕУ денеска се договорија да ја прошират „црната листа“ на руски функционери и и се заканија на Москва со построги санкции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.