Свет

Русија ги обвини САД, Велика Британија и Канада за неуспех во врска со неширењето на нуклеарно оружје

Русија ги обвини САД, Велика Британија и Канада за неуспех во врска со неширењето на нуклеарно оружје

Заклучниот документ од конференцијата на земјите потписнички на Договорот за неширење на нуклеарно оружје, во кој беше предложено да се вклучи текст за создавање на Блискиот Исток на зона ослободена од оружје за масовно уништување не може да биде усвоен поради ставовите на САД, Велика Бртитанија и Канада, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

– Со жалење констатираме дека поради ставовите на САД, Велика Британија и Канада учесниците на конференцијата не можеа да го усвојат заклучниот документ, вклучувајќи го и текстот за исполнување на резолуцијата од 1995 година, кој предвидува на Блискиот Исток да биде создадена зона, ослободена од нуклеарни и сите други видови оружје за масовно уништување, како и од средствата за нивно доставување“, изјавија дипломати, коментирајќи ги резултатите од средбата во Њујорк, јави ТАСС.

– Независно од тоа што конференцијата заврши на ваков начин, Руската Федерација е подготвена заеднички со други држави да дејствува за зајакнување на Договорот, за гарантирање на неговата важност и ефикасност, додадоа дипломатите.