Свет

Русија ги отфрла обвинувањата дека соборила украински авион

Русија ги отфрла обвинувањата дека соборила украински авион

Официјална Москваа ги отфрли обвинувањата дека военото раководство во Киев соборило украински борбен авион во украинскиот воздушен простор.

Русија не соборила украински борбен авион кој извршувал воени операции во источна Украина, изјави денеска рускиот амбасадор во ОН.

„Ние не го сторивме тоа“, изјавил кусо во Њујорк, Витали Чуркин одговарајќи на новинарско прашање за инцидентот. Од друга страна, руското министерство за одбрана украинските обвинувања за вмешаност на Русија во соборувањето на украинскиот борбен авион ги нарече апсурдни, пренесе руската новинска агенција Интерфакс.

„Тоа е апсурдно, токму како и сите други претходни обвинувања од страна на раководството во Киев“, изјавил портпарол на министерството.

Портпаролот на украинските безбедносните сили, Андриј Лисенко, претходно обвини дека руски воен авион соборил еден украински борбен авион кој бил на мисија во регионите над Луганск.

Лисенко соопштил дека авионот од типот „Су-25“ бил соборен со „голема ракета“. „Нашиот авион е соборен, но пилотот успеа да се катапултира и се спаси“, се вели во соопштението на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, од каде додаваат дека украинските сили успеале да стигнат до пилотот и да го префрлат на безбедна локација.

Според нивните информации, пилотот не претрпел никакви повреди.