недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 2

Русија ги повикува САД на заеднички напади во Сирија

Русија упати предлог до коалицијата предводена од САД, заедно, со руските сили на 25 мај да започнат воздушни напади во Сирија кои би ги имале за цел Нусра фронтот и други бунтовници кои не го почитуваат прекинот на огнот на таа земја.

132372216

Поврзани вести

Оваа изјава ја даде денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу кој го изнесе предлогот на Москва  со овие напади да бидат опфатени конвои на оружје, вклучувајќи ги и они кои стигнуваат во Сирија од Турција.

Шојгу наведе дека предлогот е направен во координација со сириската влада и дека за него, во јорданскиот главен град Аман, е разговарано со американските воени експерти.

– Русија го задржува правото еднострано да врши удари на оние бунтовници во Сирија кои не го почитуваат примирјето, рече Шојгу на состанокот во министерството.

Најчитани вести