Русија ги „протерува“ Кока кола и хамбургерите

Русите конечно ќе го запознаат вкусот на леб и месо, е пораката на оние кои го поддржуваат бојкотот на западните производи. Се предложува забрана на продажба на хамбургери и затворање на рестораните на „Мекдоналдс“.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјавил дека еден од приоритетите на неговата влада се да создаде услови за зголемување на производство на храна за рускиот пазар. Тоа наиде на одобрување во јавноста која е расположена за бојкот на западните производи, покажале анкетите.

Русија веќе го забрани увозот на австралиско говедско месо како реакција на одлуката на Камбера да ги поддржи санкциите против руските функционери, пренесуваат руските медиуми.

Со уверување дека „револуцијата на фармерки и мастики за џвакање“ веќе поминала, шефот на институтот за проблемот со глобализацијата и доктор по економија, Михаил Дељагин, предложил затворање „Мекдоналдс“ рестораните и забрана за продажба на хамбургери

„Производството и продажбата на Кока кола, Пепси кола и јадењата во ’Мекдоналдс’, како и слична американска брза храна е штетна по здравјето и треба да биде забранета од хигиенски причини“, навел Дељагин.

Медиумските анкети покажуваат дека дури 81 отсто од граѓаните на Русија, кои припаѓаат на младите постсоветски генерации, се уверени дека може да се живее без „украински бомбони и полски компир“, односно од сопствената прехранбена индустрија.

Меѓу испитаницата постари од 45 години, 32 отсто изразиле загриженост поради навестувањата дека странста прехранбена стока би можела да биде заменета со руска.

Во големите руски градови најголем дел од производството е за извоз, па во продавниците полесно се наоѓа норвешки лосос отколку руски.