Русија ги зголеми резервите за злато

Резервите на злато во Русија во ноември оваа година се зголемени на 1.187,5 тони, од 1.168,7 тони во октомври и достигнаа максимално ниво за последните две децении, објави „Блумберг“ повикувајќи се на податоците на ММФ, јави МИА.

Русија купува злато осум месеци по ред поттикната од падот на цените на тој метал. Цената на унца злато од почетокот на годината падна 1,9 отсто, на 1.181 долар, откако во 2013 година падна 28 отсто, покрај растот на доларот и намалената побарувачка на берзанските пазари