Русија го критикуваше „далечинскиот“ извештај за нападот во Хан Шејкун

Русија, којашто е сојузник на сириската влада, одново се спротистави на Западот во неговите обвинувања околу наводната вмешаност на официјален Дамаск во хемиските напади, на средбата ноќта кон средата во седиштето на Обединетите нации посветен на мандатот на меѓународните иследници задолжени да ги откријат сторителите.

Како и претходно минатата седмица, и помошникот на рускиот претставник во ОН, Владимир Шафронков, остро го нападна неодамнешниот извештај на експертите за масакрот со отровен гас од 4-то април во Хан Шејкун во кој загинаа над 80 луѓе.

Заклучоците од извештајот ја припишуваат одговорноста за хемискиот напад на владата во Дамаск. Тоа најверојатно се прави со цел да се оправда нападот со американските проектили веднаш потоа беа истрелани од бродовите „Рос“ и „Портер“ од средоземноморскиот акваториум крај грчкиот остров Крит беа упатени кон сириската воздухопловна база ал-Шарјат, во близина на градот Хомс. Владата на претседателот Башар ал-Асад, како и во претходните вакви случаи пружија нивно докази дека хемиските напади ги извршуваат радикалните исламистички групи како Исламската држава со помош на некои блискоисточни земји токму за да се испровоцира американска реакција.

„Како може во толку наврати да се користат изразите како ‘веројатно’, ‘можно’, ‘навјеројатно’ во документите со коишто се обвинува Дамаск. За режимот на неширање на оружјето, корисно е да се именуваат виновниците, но забележани се системски прпусти во работата на иследниците“, запраша Шафранков.

Рускиот дипломат го осуди фактот дека иследниците не дошле во Хан Шејкун, решавајќи се за „работа на далечина“ и побара преиспитување на нивниот состав и систем.

Од четвртокот два нацрта резолуции, една руска а другата американска кои конкурираат пред Советот за бебедност на ОН врзано со смена на групата иследници на светската организација и Организација за забрана на хемиското оружје (OPCW) чијшто мандат истекува на 16-ти номеври.

Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) објави во април дека тестовите „неоспорно“ докажале дека гасот сарин или слична супстанција биле користени во наводниот хемиски напад во сириска покраина Идлиб на почетокот од април, додека Русија, како сојузничка на владата во Дамаск, која е обвинета за инцидентот претстави низа докази дека можно тој да е исконструиран, пренесуваат агенциите.

Примероци од десет жртви во наводниот напад во Кан Шејкун, каде што на 4 април загинаа 87 луѓе, биле анализирани во четири лаборатории и „сведочат за изложеност на сарин или слична супстанција“, изјави тога директорот OPCW, Амет Узумчу.

Истовремено Москва во организацијата предала низа докази кои сведочат дека инцидентот со можната употреба на хемиски агенси во Идлиб имаат провокативен карактер, изјави тогаш постојаниот претставник на Русија во OPCW, Александр Шулгин. Според него, во текот на состанокот на Извршниот совет на организацијата во Хаг, зборувал директорот на одделот за прашања од неширење и контрола на оружјето во руското министерство за надворешни работи, Мухаил Улјанов.

Според руската страна, тие фотографии биле важни затоа што наведувале дека се конструкција видеата кои беа поставени на YouTube, и според снимките има многу недоследности во верзијата дека во инцидентот е користено хемиско оружје.

Се тврди, на пример, дека бил употребен сарин, кој е најсилниот отров. Но лекарите знаат дека при примената на сарин се стеснуваат зениците. Меѓутоа, на фотографиите е очигледно дека зениците на децата се прошиени, беше една од забелешките,

Втората недоследност, според Шулгин, се однесува на покажувањето на кратерот направен од експлозија, со којашто локалните хуманитарни организации ја илустрираат верзијата за злосторствата наводно сторени од сириската влада. Но, додал, не е потврдено дали кратерот е направен од авионска бомба или од проектил, туку снимките укажуваат на тоа дека бил направен од мала експлозивна направа на земјата со додавање некои хемикалии.

Руското министерство за одбрана веднаш по инцидентот објави дека сириската авијација бомбардирала магацини каде што се чувала и подготвувала муниција со отровни супстанции, кој биле донесени од Ирак и биле претходно користени во борбите за сириската покраина Алепо. Меѓутоа, САД сметаат дека Дамаск употребил хемиски агенси поради што со 59 крстосувачки ракети „Томахавк“ ја бомбардираа воената база во покраината Хомс, од каде што според Вашингтон наводно полетале авионите за наводниот напад со хемиско оружје.