Русија го обвини Западот за дестабилизација на Македонија

Руското Министерство за надворешни работи објави соопштение за случувањата во Македонија во кое обвинува дека „Западни организатори“ се обидуваат да ја дестабилизираат земјата, пренесува МИА.

Коментирајќи медиумски наводи за случај на апсење на црногорски државјанин во Македонија за помагање на косовско-албанските екстремисти, руското МНР наведува дека „тоа е убедлив доказ оти плановите за дестабилизација на внатрешнополитичката состојба во земјата се иницирани од надвор“.

– Тоа е истовремено и доказ за обидот за туркање на Македонија во пеколот на „обоената револуција“ и доказ дека западните организатори на ваквите сценарија – катастрофи повеќе сакаат тоа за нив да го направи некој друг, користејќи во Украина, а сега и во Македонија, државјани токму на оние земји кои, како на пример Црна Гора, кои го загризаа мамецот на НАТО, стои во соопштението од МНР на Русија.

Провицирањето хаос на Балканот и распламтувањето на жаришта во регионот кој се уште не се опоравил од крвопроплевањата од 90-те години е голема опасност за Европа, предупредува руското МНР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.