Русија го осуди влегувањето на Црна Гора во НАТО

Русија во четвртокот ја нарече „длабокo погрешна“ одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го одбри влегувањето на поранешната југословенска република Црна Гора во НАТО, и оцени дека со тоа слабее стабилноста на Европа.

„Сметаме дека интеграцијата на Црна Гора во НАТО е длабоко погрешна, дека е спротивна на примарните интереси на таа држава и оти претставува закана за стабилноста на Балканот и воопшто на Европа“, се наведува во соопштението на министерството за надворешни работи на Руската Федералција.

Натаму руската дипломатија оценува дека црногорското влегување во северноатлантската алијанса „ја одразува логиката на судирањата на европскиот континент“ и оти таа води кон „нови разграничувања“.

Во вторникот американскиот претседател Доналд Трамп ја потпиша уредбата за влегувањето на Црна Гора во НАТО, којашто претходно беше ратификувана од двата дома на американскиот Конгрес.

Процесoт на ратификувањето на пристапувањето на Црна Гора на Алијансата ќе биде заокружен кога тоа ќе го сторат и последните две членки на сојузот кои уште не го ратификуваа документот за влезгувањето, односно Шпанија и Холандија. Но се очекува дека тоа ќе се случи многу скоро и оти НАТО ќе ја добие 29-та членка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.