Русија го порамни долгот на СССР кон Македонија во износ од 60,6 милиони долари

СССР

Руското Министерство за финансии соопшти дека ова е делот кој припаѓа на Македонија од долгот на СССР, настанат во рамките на трговско-економската соработка со СФРЈ за време на советскиот период.

Во моментов, единствената земја од доверителите на поранешниот СССР, со која Русија не ги уредила финансиските односи е Босна и Херцеговина.

Во 2016 година беше постигнат прелиминарен договор меѓу Русија и Босна и Херцеговина за порамнување на долгот.