Русија го презема кормилото на БРИКС

Русија оваа година станува претседавач со Групата БРИКС (Бразил, Русија, Кина, Индија и Јужна Африка).

Во новогодишната честитка на рускиот претседател Владимир Путин до јужноафриканскиот колега Џејкоб Зума е изразена намерата на Москва да придонесе за јакнење на влијанието на БРИКС на светската сцена во текот на руското претседавање.

На претходниот самит во бразилскиот град Форталеза во јули минатата година беше потпишан договор за формирање на Развојна банка БРИКС, која треба да стане една од најголемите мултилатерали развојни банки, со основачки капитал од 100 милијарди долари, чие седиште ќе биде во Шангај.

Ова лето во Уфа ќе се одржи самит на оваа група земји кои брзо се развиваат, а дотогаш е планирано решавање на прашањето за претседател и заменик предтседател на таа финансиска структура.