Русија го смета за закана присуство на германски војници на нејзините граници

русија

Мешков денеска изјави дека Москва внимателно ги следи активностите на НАТО и ќе стори се за да ја гарантира својата безбедност.

Ова распоредување на војници и воена опрема се разбира е закана за нас. И кој вели дека е заврши со тоа? Ние немаме такви информации. Првпат од крајот на Втората светска војна ние гледаме германски војници на нашите граници, изјави Мешков за руските медиуми.

Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин, изјавата на Мешков доаѓа откако САД испратија илјадници свои војници во Полска, балтичките земји и југоисточна Европа во најголемите поместувања на воена жива сила по Втората светска војна.

Како дел од обидот на НАТО да покаже поддршка за земјите во Источна Европа по руската анексија на Крим, Германија испрати свои војници во Литванија.