Русија го тестира ракетниот штит

Руските воздухопловни сили успешно го тестираа лансирањето на ракета со краток дострел од ракетниот штит, соопшти руското министерсто за одбрана, пренесе Тасс.

– Лансирањето беше со цел да се потврдат карактеристиките на работа на ракетниот штит кај Воздухопловните одбранбени сили, соопштуваат од министерството.

Според претставници на минситерството Русиките воздухопловни сили имаат големи технички и технолошки потенцијали на полето на примени и развивање на технологија за одбрана.

– Во рамки на развивањето и усовршувањето на руските противракетни компоненти сиситемските информации за сретствата поминаа надградување. ИСтовремено, истражувањето и разавојот се во тек за да се создаде нова генерација на против-ракетно оружје, кое што ќе дозволи да се прошири борбениот потенцијат на воздухопловните единици, се вели во соопштението.

Понатаму се нагласува дека воздухопловниот одбранбен систем загарантирал заштита од стратешки ракети од новата генерација, како и од други типови на вооружување.