Русија го забранува „Епл“, а можно е и Твитер и Фејсбук

Од први јануари следната година, стапува на сила закон со кој сигурно ќе биде погоден „Епл“ со својот „iCloud“ сервери во САД преку кои се добиваат сите кориснички информации, пренесува Интернешенел бизнис тајмс.

Судејќи според пишувањето на сајтот Прогород, кој се повикува на агенцијата Новости од регионот на Русија, одредбите на законите се однесуваат на сите онлајн служби чии податоци се во складишта на сервери надвор од границите на Русија, што би значело и забрана на прочуените Фејсбук и Твитер.

Во неодамнешниот извештај по повод овој закон се наведува дека тој се однесува на сите онлајн служби, од купување преку интернет до социјални мрежи затоа што тие испраќаат информации на сервери кои се наоѓаат во странство.