АНАЛИЗА: Русија и Америка – Лекција по асиметрија

Тогаш руската армија навлезе во Грузија. Горе-долу на ист начин се случи и анексирањето на Крим и поддршката на бунтот на сепаратистите во источна Украина, поради прозападниот преврат на власта во Киев. Со тие чекори Русија докажа дека има желба и можности да реагира на индиректен, но болен начин на секое дејствие на САД, кое Кремљ го доживува како антагонизам.

Имајќи го предвид горепосоченото, многу малку е веројатно да се претпостави дека Русија ќе го ограничи својот одговор на новите санкции на САД само со протерување на неколку дипломати и одземање на два имоти.

Кремљ го прошири своето влијание на неколку геополитички арени, каде Вашингтон има стратешки интерес, како Сирија, Северна Кореја, Венецуела и Авганистан.

Поставувајќи се како важен играч во тие зони, Москви си отвори еден заобиколен пат на влијание: може да му помогне на Вашингтон, каде што има напредок во преговорите и да му штети на интересите, кога тие не напредуваат. Со зголемувањето на тензиите меѓу двете земји, секоја од овие сцени е потенцијална цел за асиметричната стратегија на Москва.

Во следните месеци, Украина изгледа е во најголем ризик да се најде на сред бојното поле меѓу двете суперсили. Во ситуација во која по се’ изгледа укинувањето на санкциите воопшто нема да се случи, Москва нема да се чувствува задолжена да се придржува кон Протоколот од Минск, кој предвидува примирје и други чекори на отстапки во Донбас.

Имајќи во предвид дека САД јавно објавија за можноста да му достават на Киев летално вооржување, Русија може да има интерес да ги обнови воените дејствија  преку сепаратистите во источна Украина. Дејствијата на Русија, всушност, може да стигнат до тоа да ги поддржат бунтовниците во преземање на територии, кои се во непсоредна близина на линијата на контакт, вклучително и стратешки важните градови како Авдеевка и Мариопол.

И всушност, знаци за потенцијална ескалација на непријателствата веќе се појавија. На 18 јули, годинава, Александар Захарченко, раководител на Доњецката народна република, предложи да се создаде нова држава, под името Малорусија, со главен град Доњецк, која ќе ја замени „пропаднатата држава“ Украина. Останатите сепаратистички лидери и руските власти официјално се дистанцираа од идејата, нарекувајќи ја „лична иницијатива“ на Захарченко, но предлогот може да се сфати како предупредување од Москва, која изразува незадоволство од сегашната состојба на нештата во Украина.

Најверојатно не е случајност што Киев ги изброја најголемиот број жртви годинава, кога на 19 јули за време на вооружени судири загинаа најмалку девет украински војници, а уште петмина беа ранети. Во последниве неколку недели, исто така има индикации дека пристапот до Донбас е ограничен за западните медиуми и за набљудувачите на ОБСЕ. Нема гаранции дека развојот на настаните ќе заврши со значајна офанзива на бунтовниците, слични раздвижувања имало и претходно и без притоа да биде придизвикан голем воен конфликт

Независно од тоа, Русија може и да ја стави Украина под тензија користејќи и други лостови на влијание. Сепак тоа е земјата која е подложна на сите видови хибридни тактики на Кремљ. Меѓу веројатните чекори се и политичката манипулација, енергетските и економските органичувања, сајбер напади, субверзивни активности, како и дезинформациски и пропагандни кампањи.

Користејќи некои од тие методи во Украина, може да е одговорот на Русија на зголемувањето на притоскот од САД, со дополнување кон користењето и на други инвентивни начини во поткопувањето на позицијата на Вашингтон на светската сцена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.